Обновени фискултурната и свечената сала во ОУ „Димитар Миладинов“
Во основното училиште „Димитар Миладинов“ обновена се свечената и фискултурната сала. Притоа, како што информираат од Општина Центар, во фискултурната сала е реконструиран подот, поставен е нов паркет, обновени се ѕидовите и покривната внатрешна површина, поставени се нови прозорци, обележан е спортскиот терен, а ставено е и ново енергетски ефикасно осветлување.
Препорачано
Во свечената сала, на површина од 300 м², саниран е паркетот, ламинатот на бината е заменет со паркет и поставени се нови скали. Реконструирани се ѕидовите, а поставени се и четири нови прозорци. Вградено е енергетски ефикасно осветлување.
Создаваме современи и безбедни простори за настава, спорт и рекреација. Реконструкцијата на фискултурната сала е поттик за младите да бидат физички активни, што е важно за нивниот развој, истакна градоначалникот Горан Герасимовски, кој денеска направи увид на реконструираните простории.
Градоначалникот нагласи дека во новата програма се предвидува и реконструкција на базенот во училиштето, со што ќе се подобрат условите за спорт.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
35мин
-
42мин
-
52мин
-
56мин
-
56мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


