Објавени ревизорските извештаи за Град Скопје за 2021: Утврдена неусогласеност на сметководствената со даночната евиденција

Фото: Архива на „Слободен печат“

Државниот завод за ревизија ги објави извештаите од извршената ревизија на Град Скопје за 2021 година, во кои како клучни утврдени состојби се наведуваат неусогласеноста на сметководствената со даночна евиденција и неажуриран регистар на недвижниот имот, неутврдена старосна структура на побарувањата по основ на даноци на имот и комунални такси и непреземени мерки за нивна навремена наплата, како и не остварување приходиа надоместоци за одржување на јавно градско зеленило и одржување на јавната чистота.

Главни системски слабости се посочени во Законот за комунални такси кај тарифните броеви 9 и 10 комуналната такса за користење на улици и патишта и одржување јавно осветлување и слабостите во Законот за даноците на имот за усогласување на состојбата на регистарот на недвижности на општините со регистарот кој го води АКН на РСМ.

Државниот завод за ревизија како клучни препораки наведува дека треба да се изврши целосно ажурирање на воспоставениот регистар на недвижен имот и усогласување на сметководствената со даночна евиденција, утврдување на законската можност за наплата на побарувањата по основ на даноци на имот и комунални такси и утврдување надоместоци за одржување на јавно градско зеленило и одржување на јавната чистота и нивна наплата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот