Објавена причината за смртта на Кетрин О’Хара, во тајност се борела со тешка болест
Познатата актерка Кетрин О’Хара починала од белодробна емболија на 71 година, а американските медиуми пренесуваат дека последните месеци се борела и со рак на ректумот. Според медицинските истражувања, причинителот на нејзината смрт била белодробната емболија, крвно згрутчување во белите дробови, додека ракот на ректумот, како хронична болест, бил наведен како основна причина која придонела за нејзината смрт, пренесува „Верајети“.
Препорачано
Телото било кремирано, а посмртните останки биле предадени на нејзиниот сопруг, Роберт Вилч.
О’Хара во последните месеци водела тешка борба со ракот во тајност, а јавноста дознала за нејзината дијагноза по смртта. Кетрин починала на 30 јануари 2026 година.
Кариерата ја започнала во средината на 70-те години, како член на познатиот канадскиот ансамбл „Second City“, а пошироката популарност ја стекнала со учеството во култната телевизиска емисија „SCTV“, каде што блеснала со улогата на незаборавни ликови. Токму тој период ѝ обезбедил статус икона на комедијата и ѝ ги отворил вратите за филмската и телевизиската индустрија.

Широката публика Кетрин О’Хара ја памети по соработката со режисерот Тим Бартон и актерот Меколи Калкин во филмовите „Сам дома“ и „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“, во кои ја глумела мајката Кејт.
Таа имала и забележителни улоги во филмовите „A Mighty Wind“, „Best in Show“ и „For Your Consideration“, често соработувајќи со режисерот Кристофер Гест во неговите импровизациски комедии.
Ново поглавје во нејзината кариера и глобално признание ѝ донела улогата на ексцентричната и незаборавна Мојра Роуз во наградуваната серија „Schitt’s Creek“ (2015 – 2020).
ВИДЕО | Почина актерката Кетрин О’Хара, мајката на Кевин од „Сам дома“


