Објавена книгата „Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм „Се викам Слобода“ од Стефан Марковски - Слободен печат

Објавена книгата „Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм „Се викам Слобода“ од Стефан Марковски

Во издание на ЈОУ градска библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија деновиве излезе од печат теориското дело „Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм Се викам Слобода“ од Стефан Марковски.

Делото е магистерски труд на авторот, одбранет на Катедрата за филмско и ТВ сценарио при Факултетот за драмски уметности – Скопје и се состои од 2 сегменти: анализа на техники, развој на карактери и приказна за сценарио во контекст на жанрот крими-драма во современиот македонски и западен филм и самото сценарио за долгометражен игран филм „Се викам Слобода“.

Во рецензијата кон ова сценарио и теоретска разработка надополнета од препорака за филмска продукција потпишана од тричлена комисија, ред. проф. Владимир Блажевски, ред. проф. м-р Лазар Секуловски и ред. проф. д-р Сашко Насев се наведува:

Преку оваа приказна се разработуваат акутни општествени состојби на нашето совремие, но најважно е тоа што самото сценарио како предлошка за игран филм создава една нова, за себеси, уметничка реалност.Во сценариото „Се викам Слобода“ авторот прво го дефинира екстровертниот живот и колективниот дух на младите, урбани граѓани. Во тој квантум на бигори, соништа и недостаток на слобода, но, и преку специфична постапка својствена на неговиот авторски, зрел писателски јазик, тој го прецизира својот индивидуален однос кон животот и времето, актуелните теми и третманот на средината кон оние што се како нас, ама не се исти.

Од анализите во овој труд произлегува дека доминантен облик на драма, како од аспект на вкупнапродукција, така и од аспект на прифатеност кај публиката, во досегашната македонска кинематографија е историската драма, додека хибридниот жанр крими-драма, како и самата филмска естетика на обратното, за разлика од она што е случај со светските тенденции, кај нас се едни од најслабо прифатените.

Прочитај повеќе

Во Гостивар утрово е енормно загадено

Слободен печат

Едните ќе нѐ прават технолошки џин, другите економски тигар на Балканот!

Слободанка Јовановска

Колкава е вредноста на еврото денес?

Слободен печат

Владата ги поништи решенијата на Мизрахи за разрешување директори на центрите за социјална работа

Слободен печат

Тачи ќе соработува со Курти за приближување на Косово кон ЕУ и НАТО

Слободен Печат

Косовски медиуми: Авиолинијата Белград – Приштина ја загрозува независноста на Косово

Слободен Печат

Остави Коментар

fourteen + twelve =

Прочитај повеќе

Голем пожар во зграда во Загреб (ВИДЕО)

Слободен Печат

Најмалку 23 цивили загинаа во руски воздушен напад во Сирија

Слободен Печат

Расправија во Сенатот за правилата на процесот на импичмент на Трамп

Слободен печат

Столтенберг: НАТО мора да ги засили обуките во Ирак за да не се повтори борбата против ИД

Слободен печат

Зголемувањето на платите во јавниот сектор во Шпанија државата ќе ја чини 3,21 милијарди евра

Слободен Печат

Владата обезбеди материјална помош и домување за Атиџе и осумчленото семејство во „Медена земја“

Слободен Печат