Објавен најдобриот тим во Лигата на шампионите, доминираат Реал Мадрид и Ливерпул
Ден порано од планираното, поради техничка грешка, откриен е најдобриот тим од Лигата на шампионите за минатата сезона.
Препорачано
Како што е познато, Реал Мадрид по 14 пат ја освои титулата европски клупски шампион. Мадриѓаните имаа неверојатна сезона во елитното натпреварување, а на патот до новата круна ги исфрлија ПСЖ, Челси и Манчестер сити, а на крајот во финалето го победија Ливерпул.
Најдобриот тим на УЕФА обично го објавува на денот на жрепката за групната фаза, што значи дека тоа требаше да се случи утре, но детали за тоа протекоа во техничкиот извештај објавен денеска.
Кога се во прашање најдобрите 11, на голот е голманот на Реал, Тибо Куртоа. Бековната линија од четири играчи ја сочинуваат Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Антонио Ридигер (Челси), Вирџил ван Дијк (Ливерпул) и Енди Робертсон (Ливерпул).
Во средниот ред се Кевин де Брујне (Манчестер сити), Фабињо (Ливерпул) и Лука Модриќ (Реал Мадрид). Напаѓачкото трио го сочинуваат Килијан Мбапе (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид) и Винисиус (Реал Мадрид).
Во гласањето за најдобар тим од Лигата на шампионите учествуваа 23 луѓе од светот на фудбалот. Кога се тренерите во прашање, за најдобар е избран стратегот на Реал, Карло Анчелоти.


