Обид за убиство на јавен обвинител во Гостиварско

Полиција/ Фото МВР

Обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство – Гостивар извршен е изутринава во 5:30 часот во село Чегране, Гостиварско. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.

Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.

Обвинителството презема дејствија за расчистување на настанот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот