„Обединети за Македонија“: Со примитивниот етнички национализам се губи единството во државата

Љубе Бошкоски / Фото: EPA/ROBERT VOS

Таканаречениот „Мировен фестивал“ за само неколку минути стана простор за етнички национализам, започнувајќи со исвиркување на водителката кога почнала да зборува на македонски јазик. Самото Министерство потрошило околу 100 000,00 евра од државниот буџет за да се задоволат ниските емоции на мала група етнички националисти, со што слободно може да кажеме дека самиот настан, освен што ја осиромаши државата, го осиромаши и единството на македонската нација, реагираат од политичката партија на Љубе Бошкоски, „Обединети за Македонија“.

Како што велат оттаму, тие отсекогаш сметале дека единството на етничките заедници е клучно за успешен развој, но дека „со примитивниот етнички национализам заради неколку партии и поединци да се богатат и да собираат политички поени, се губи единството во државата“.

„Сите сме македонски граѓани, без разлика на вера, националност, пол и убедување. Но, односот на одредена група на луѓе кон нивната матична држава е акт на непочитување“, потенцираат од „Обединети за Македонија“.

„Обединети за Македонија“ е на став дека, наместо Министерството за политички систем, треба да се оформи Министерство за млади, по примерот на неколку европски држави, каде една од целите ќе биде промовирање на единството, без повредување на чувствата на една или повеќе етнички заедници.

„Да ги искористиме парите од граѓаните на продуктивни и културни цели“, стои во нивното соопштение до јавноста.
Фото: „Обединети за Македонија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот