ОАЕ: Ефикасноста на кинеската вакцина на „Синофарм” е 86 отсто

Фото: EPA-EFE/OXFORD UNIVERSITY / JOHN CAIRNS / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Експерименталната вакцина на кинеската национална фармацевтска група „Синофарм” има ефикасност од 86 проценти, соопшти денеска Министерството за здравство на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), повикувајќи се на резултатите од последната фаза на тестирање.

Емиратите уште во јули ја почнаа третата фаза на клиничкото тестирање на вакцината, развиена од Институтот за биолошки производи во Пекинг, што работи како дел од „Синофарм”, пренесуваат британските медиуми.

Анализата укажува на 100-отстотна  ефикасност на вакцината во спречување на умерени и сериозни случаи на заболување и нема сериозни безбедносни проблеми, посочува Министерството за здравство на ОАЕ.

Министерството додава дека вакцината е официјално регистрирана, но не дава повеќе детали за неа. Во тестирањата во Емиратите учествуваа 31.000 волонтери од 125 различни националности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот