Нуспојавите се показател дека вакцината делува, но не грижете се ако изостанат
Милиони луѓе кои ја примија вакцината против ковид-19, доживеале несакани ефекти и тоа е добар показател дека имунолошкиот систем се подготвува да одговори во случај на зараза, но доколку овие знаци изостанат, нема причина за загриженост, велат експертите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Не треба да се загрижувате, бидејќи немањето реакција не значи дека лицето е незаштитено, велат тројцата стручњаци – Пол Офит од Центарот за вакцини во Детската болница во Филаделфија, доктор Глен Рал, имунолог на „Фокс чејс“, Филаделфија и доктор Сара Колс, матичен лекар и професор на Медицинскиот колеџ при Универзитетот во Аризона.
– Вакцината делува и ако немате нуспојави – појасни д-р Колс, истакнувајќи дека „многумина имаат несакани ефекти, а многумина немаат“.
Отсуството на главоболка или на зголемена телесна температура не е причина за загриженост, вели д-р Пол Офит, кој објаснува: „Сигурно е дека не мора да имате несакани ефекти за да знаете дека сте заштитени“.
Сите ефекти се минливи, генерално траат еден или два дена
Со други зборови, двете појави – стекнувањето имунитет и нуспојавите – се резултат на низата предупредувања во имунолошкиот систем по инјекцијата.
Но, само затоа што првичното воспаление успешно го поттикнало производството на антителата и другиот вид на одбраната против болеста, тоа не значи дека таа мора неопходно да предизвика зголемена телесна температура.
Нема строга корелација помеѓу тие две работи, вели д-р Колс, претседателка на Комисијата за јавно здравје и наука на Американската академија за матични лекари.
И многу други современи вакцини предизвикуваат малку, ако воопшто ги има, несакани ефекти, вели Рал, коавтор на „Принципите на вирусологија“.
– Нормално, ние не гледаме вредни несакани ефекти по вакцинирањето – рекол доктор Рал.
Постојат и други фактори
Дали луѓето ќе имаат нуспојави зависи и од другите фактори, а не само од нивниот имунолошки систем. А, тоа се заморот, стресот и начинот на кој ја доживуваат болката, објаснува д-р Колс.
Процентот на различните реакции се разликува од вакцина до вакцина против ковид-19, а кај вакцините кои се даваат во две дози тие се појавуваат почесто по втората доза.
На пример, кај примената вакцина „Фајзер/Бионтех“, во клиничките испитувања, 3,7 отсто од учесниците на возраст од 18 до 55 години имале зголемена телесна температура по првата доза, а 15,8 отсто по втората.
Половина од примателите на вакцината имале главоболки по втората доза, но тие главно биле умерени или благи.
Сите овие ефекти се минливи и обично траат еден или два дена.
Во ретки случаи, се појавува потешка алергиска реакција наречена анафилакса, настапува неколку минути по инјекцијата и лекарите треба да бидат подготвени да интервенираат со ЕпиПен (апарат за автоматско инјектирање адреналин) или сличен апарат што содржи епинефрин.
Конечно, Офит, Рал и Колс зборуваат за системските нуспојави, а не за „локалните“ ефекти како што се болка во рамотово кое е вбризгната вакцината или црвенило на местото на инјектирање, бидејќи тие појави се чести кај луѓето кои ја примиле вакцината, но се занемарливи во однос на алтернативата – да се разболат од ковид -19.


