Нуредини: Соработката меѓу општините и централната власт ќе ги реши проблемите со отпадот

Насер Нуредини министер за животна средина / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Соработката меѓу локалните самоуправи централната власт ќе придонесе трајно решевање на проблемите со отпадот на територијата на целата држава. Оваа порака ја испрати Насер Нуредини министер за животна средина и просторно планирање по посетата на депонијата Русино во општина Гостивар.

Тој, придружуван од градоначалниците во полошкиот регион и амбасадорката на Швајцарската федерација се запознаа со функционирањето и условите во кои делува новоформираното меѓуопштинско претпријатие „Русино-Полог”. Министерот искажа задоволство од сработеното и соработката со Швајцарската федерација на регионалната депонија Русино и посочи дека треба интензивно да се работи на втората фаза.

– Во тој правец работиме на организирано собирање и управување со отпадот на територијата на целата држава. За таа цел изготвивме и предлог закон со кој ќе се кредитира кој за жал и по пет месеци се наоѓа во собраниска процедура. Решавањето на проблемот со управувањето со отпадот во бара силна поддршка од највисоките владини органи. Во таа насока е и заемот од ЕБОР кој ќе ни помогне да го финализираме целиот процес на воспоставување на системот за управување со отпад за сите региони вклучително и за Полошкиот регион, рече министерот.

Амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман по посетата на депонијата Русино посочи дека со изменетиот начин на управување во Русино настанала трансформација и искажа задоволство до сработеното. Таа посочи дека од суштинска важност е функционирањето на ЈП Русино и препорача сите општини во Полог и јавните претпријатија што пренесуваат отпад да ги исполнат финансиските обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот