Нуредини: Имаме понуда од инвеститор за ски-центарот Попова Шапка, ќе вложи над 50 милиони евра

Попова Шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Имаме потенцијален инвеститор за „Попова Шапка“ се очекува на следна седница на Влада за една недела да го најавиме инвеститорот со име и презиме, одговори Министерот за животна средина и планирање Насер Нуредини, на новинарско прашање до каде се најавените инвестиции на владата за ски центарот.

„Се работи за инвеститор од Европската Унија со големо искуство со скијачки центри. Ќе биде голема инвестицијата, но додека немам нешто официјално не можам конкретно да зборувам, но имаме понуда. Имаат големо искуство потенцијалните инвеститори со ски центри, се ќе биде презентирано во јавноста. Ќе инвестираат над 50 милиони евра, инвестиција во нови ски лифтови, хотели и слично, рече Нуредини.

Од ски центарот Попова Шапка неодамна за „Слободен печат“ најавија дека година очекуваат успешна ски сезона, која ќе започне но со поскапи ски-билети. Скијањето треба да стартува откако ќе падне природен снег.

Од „ЕЛЕМ Турс“, јавно претпријатие кое управува со ски-центарот, велат дека билетот е неопходно да поскапи, оти и цената струјата која ги покренува ски-лифтовите е покачена.

Последниве две сезони на центарот профункциоира т.н. шестосед, со кој се растоварија другите ски- лифтови. Но, со поголемиот број туристи дојде до израз проблемот со недостигот на паркинг-простор. Паркирани колони возила го блокираа патот Тетово – Попова Шапка речиси секој викенд за време на скијачката сезона.

Досега за скијачкиот центар Попова Шапка и оваа и минатата власт, имаа направено голем број физибилити студии, мастер планови, економски анализи за развој на центарот, но тие засега се само на хартија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот