Ново промотивно видео кое ја претставува Македонија како врвна дестинација (ВИДЕО)

Видеото е подготвено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Со двеминутно промотивно видео, Република Северна Македонија е претставена како врвна дестинација за активен туризам во престижниот туристички информатор Lonely Planet. Видеото, кое беше премиерно објавено оваа недела, е дел од посебната секција наречена „Daydreaming during Covid” преку која се инспирира милионската публика од цел свет да посети различни дестинации, вклучително и нашата земја.

Видеото е подготвено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Со него, земјава прв пат се појавува со самостојна објава на престижниот Lonely Planet. До сега, неколку пати сме биле дел од неговите едиторијали и топ-листи заедно со други дестинации од регионот и пошироко.

Прочитајте и...  Борел – Османи: ЕУ очекува владата да продолжи да ги исполнува заложбите кон ЕУ

– Нашата земја во промотивното видео открива активности во недопрена природа, каде луѓето можат да бидат заедно, а сепак на безбедна дистанца, високо во планините или длабоко под водата, искусувајќи го адреналинот и храната, ветрот при едрење или брзината при кајакарење, не изоставајќи ја можноста при тоа да се посетат историските знаменитости, лозови насади, неоткриените села…со една и единствена порака: Најди ја сопствената авантура!, наведува АППТ.

Видеото претставува сиже од 10-те промотивни видеа кои АППТ и ИМЕ ги подготвија во рамки на кампањата „Дома си е дома” и каде се претставени 10 туристички дестинации со конкретни активности и производи како дел од активниот туризам (планинарење, велосипедизам, спортско качување, параглајдинг итн.), во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија.

Прочитајте и...  Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење

Погледнете го видеото TУКА.

Прочитај повеќе

САД и Јужна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров

Слободен печат

Нагорно Карабах е закана за регионалниот мир

Слободен печат

На секои 16 секунди во светот умира по еден заразен – досега над милион починати од ковид-19

Слободен печат

Висат одлуките на претседателот на државата!

Платформата падна уште на првото тестирање

Михаило Донев

Одбележан Денот на Бошњаците со свечена академија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пашинјан до Гутереш: Турција има пристрасна позиција во акциите на Азербејџан

Слободен печат

Амазон отвора 3.500 работни места во Канада

Слободен печат

Османи на средба со Вархеји, главна тема почеток на преговорите со ЕУ

Слободен печат

Дачиќ бара отворање на прашањето за двојно државјанство со Црна Гора

Слободен печат

Нелсон: Борбата против трговијата со луѓе клучна за БиХ да не ја загуби помошта од САД

Слободен печат

Со брзи тестови до пошироко тестирање од ковид-19

Слободен печат