Масакр при дистрибуцијата на храна во Газа/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Ново крвопролевање во Газа: Најмалку 24 мртви во израелски напад

Најмалку 24 Палестинци беа убиени денес во Појасот Газа додека бараа храна, по израелскиот напад врз централниот дел од опколената територија.

Според Ал Џезира, новото крвопролевање во Појасот Газа се случило јужно од Вади Газа, во центарот на палестинската енклава.

Сликите повторно се шокантни, бидејќи телата се натрупани во медицинскиот комплекс Насер и болницата Ал-Авда.

Во израелските напади врз Палестинците во близина на центрите за помош загинаа 400 лица, а речиси 1.000 се повредени откако Хуманитарната фондација за Газа, поддржана од Израел и САД, започна со дистрибуција на помош кон крајот на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот