Ново истражување: Психоделичните искуства ja подобруваат сексуалната функција, а делуваат и до шест месеци

Секс
Фото: Jacob Lund / Alamy / Alamy / Profimedia

Според нова научна студија, психоделичните искуства кај луѓето се поврзани со „подобрена сексуална функција“. Подобрувањата може да се видат дури и неколку месеци по психоделичното искуство предизвикано од земање магични печурки, ЛСД и други психоделици.

Научниците од Центарот за психоделични истражувања на Кралскиот колеџ во Лондон анкетирале 261 лице, главно од САД, пред и по психоделично искуство.

Студијата открива дека луѓето пријавиле подобрувања во низа области на сексуалната функција – вклучително подобра комуникација со нивните партнери, чувство на поголемо задоволство од партнерот и сопствениот изглед и „поголемо задоволство за време на сексот“ – дури и до шест месеци по нивното психоделично искуство.

„Веруваме дека ова е прва научна студија која ги истражува ефектите на психоделиците врз сексуалното функционирање“, изјавил Томазо Барба, водечки автор на студијата.

Барба вели дека наодите сугерираат потенцијално позитивни ефекти за состојби кои негативно влијаат на сексуалното здравје, вклучително и клиничка депресија и анксиозност.

„Ова е особено важно имајќи предвид дека сексуалната дисфункција, често предизвикана од антидепресиви, често резултира со прекин на овие лекови и последователен релапс“, додал Барба.

Научниците ја нагласуваат дополнителната корист во третманот на депресијата, каде што психоделичните соединенија како што е псилоцибин (состојка во магичните печурки) потенцијално би можеле да помогнат да се избегне сексуалната дисфункција предизвикана од лекови – еден од најголемите несакани ефекти на постоечките стандардни антидепресиви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот