Ново читање на објекти од модернистичкото наследство

„Факултет за работи што не се учат“ извести дека на 7 и 8 септември во Нови Сад (Креативни дистрикт – Гвождара локал 1) премиерно се реализира просторно-изведувачкиот проект „Штампање заеднички простор“.

Реализацијата доаѓа по едногодишно заедничко истражување на модернистички згради во три различни градови – Скопје, Нови Сад и Риека, заедно со студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје, Архитектонски факултет – Скопје, Отсекот за уметност и дизајн на техничкиот факултет во Нови Сад и академијата за применета уметност од Риека, во партнерство со „Факултет за работи што не се учат“ – Скопје.

Авторскиот концепт на „Штампање заеднички простор“ е развиен од страна на Филип Јовановски (визуелен уметник), Сашка Пештерац (архитектка, Нови Сад), Лара Бадурина (визуелна уметница, Риека) и Луна Шаломон (дизајнерка на простор, изведувачка, Нови Сад).

Во изведбата и реализацијата учествуваат студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје: Дениз Ајдаревиќ (актерска игра) и Мартина Петреска (продукција), студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје: Тамара Џерков, Димитар Милев, Стефан Танков и Деница Стојкоска од ликовната академија и студентите од Риека и Нови Сад.

Проектот е дел од „Collab“, програмска линија на Биеналето за сценски дизајн, во чии рамки се продуцираат нови содржини во соработка со други колективи и институции. Биеналето за сценски дизајн 2022 е дел од „Калеидоскоп на културата“ и годишната програма на Нови Сад, како европска престолнина на културата.

Студентите од академиите вклучени во проектот истражуваа три објекти на модернистичката архитектура во нивните градови: ХКД – Хрватски културен центар (поранешен Народен дом на Сушак) во Риека, напуштената месна заедница во Скопје, Тафталиџе, „Домче“, и зградата на Печатницата „Дневник“ во Нови Сад (која наскоро ќе исчезне). Преку нивното денешно читање овие објекти се препознаваа како модернистичко наследство кое го чува духот на заедничкото, колективно доживување на југословенската идеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот