Новиот сој на коронавирусот пријавен и во Британија

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Според најновото истражување на „Империал колеџ” од Лондон, 11,8 отсто од 841 секвенционирани позитивни примероци покажуваат присуство на подваријанта на коронавирусот AY.4.2, пренесува Би-Би-Си.

Според британските власти, овој нов вид на вирус се шири побрзо од претходните соеви, а научниците истакнуваат дека во истовремено има се помалку симптоматски заболувања.

Анализата на истражувањето наведува дека при инфицирање со овој нов сој, ретки се типичните симптоми на коронавирусот, како што се губење на чувството за мирис и вкус, температура и кашлица.

Авторот на истражувањето, Пол Елиот, изјави дека генерално е добро што има се помалку и помалку симптоми, додека научничката Кристел Донели за Скај изјави дека засега не е можно да се процени како оваа подваријанта на коронавирусот ќе влијае врз натамошниот тек на пандемијата.

Помалку симптоматски случаи значат дека и помалку заразени случаи ќе бидат препознаени, а, од друга страна, исчезнувањето на симптомите, како кашлицата, може да го намали ризикот од инфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот