Новиот министер без ресор е обвинет во случајот „Малтретирани градежни работници од Маврово“

Нов министер без ресор за странски инвестиции ќе биде Хисен Џемаили, кого лидерот на ДУИ, Али Ахмети го предложил, откако првиот избор, Ибрахим Дехари ја одбил понудата, пренесува Плусинфо.

Тој потврдил дека ја прифатил понудата на Ахмети и сака да придонесе за општеството.

„Го прифатив предлогот на лидерот Али Ахмети за министерската функција. Битно е Владата да е силна и што повеќе да придонесеме за општеството“ изјавил Џемаили.

Џемаили е асистент – професор по географија на Тетовскиот универзитет. Претходно тој беше советник во Општина Тетово, а во мандатот од 2008 до 2011 беше пратеник.

Џемаили во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, и беше обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот.

Прочитајте и...  Прес-конференција на министерот Филипче (ВО ЖИВО)

Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Тогаш по него беше распишана потерница бидејќи два месеци не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд.

БОНУС ВИДЕО

Прочитај повеќе

Нема настава за македонските ученици што патувале во земјите од висок ризик за ,коронавирус”

Курсна листа: Колкава е вредноста на еврото денес?

Слободен печат

Силен ветер во Скопје вечерва корнеше покриви од згради и дрва (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Хонгконг на околу седум милиони жители ќе им подели по 1.280 долари во готово

Слободен печат

Почнаа карневалските празнувања во Струмица

Слободен печат

АКЦИЈА ВО УКРАИНА: Властите уништуваат 37.000 шишиња нелегално произведена вотка

Слободен печат

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 27/08/2019 - 07:33 at 07:33

Не е едини терориста кој се шета во Собранието на Македонија и се наоѓа на висока функција.

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Руската полиција заплени бетмобил (ВИДЕО)

Слободен печат

Асанж се пожали дека не може да ја следи постапката за екстрадиција: Во ова учествувам како да гледам Вимблдон

Слободен печат

Трамп најави пресконференција за коронавирусот

Слободен печат

Додик: Посетата на Ѓукановиќ на БиХ е штетна по националниот интерес на Република Српска

Слободен печат

Тавила: Северна Македонија е подготвена за рано откривање на случаите со коронавирусот

МИА Агенција

Јенс Шпан: Германија е на почетокот од епидемијата на новиот коронавирус

Слободен печат