Новиот календар на Скопскиот џез-фестивал ќе биде промовиран со џез-матине

Календарите на Скопскиот џез-фестивал со текот на годините стекнаа статус на култна реликвија, која секој посетител на фестивалот сака да ја има во својата колекција.

Дизајнерски и графички календарите се изработуваат на врвно професионално ниво, а словенечкиот и светски фотограф Жига Коритник, повеќе од 25 години во октомври доаѓа во Скопје со специјална мисија – да изработи што е можно подобри фотографии со учесниците на фестивалот, кои ќе бидат употребени во календарот.

Промоцијата на календарите за 2022 година ќе се одржи со џез-матине на 29 јануари, во 13 часот, во „Макка бар“ (бул. Св. Климент Охридски 60). На настанот ќе настапи триото на џез-гитаристот Филип Букршлиев, актуелен добитник на наградата Најдобар млад џез-музичар во Македонија.

Филип Букршлиев / Фотографија: Татјана Ранташа

Во составот на триото се Андреа Мирческа на контрабас и Славчо Коцев на тапани. Влезот на настанот е слободен, а календарите може да се подигнат бесплатно по принципот „прв дојден – прв услужен“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 114, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-30 јануари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот