Новинарот Димче Миновски добитник на наградата 4 Ноември за животно дело

Димче Миновски

Новинарот во пензија Димче Миновски, е добитник на највисокото општинско признание на Битола, наградата 4 Ноември за животно дело.

Димче Миновски до пензионирањето беше професионален новинар во Радио Битола, дописник на „Нова Македонија“, спортски дописник на Радио Скопје.

Автор е на голем број книги и публикации, особено од областа на спортот. Напишал и неколку романи.

На седницата за доделување на четврто ноемвриските награди, Комисијата одлучи едногодишни награди да добијат: Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“ Битола, потоа Јован Стефановски-научен работник, самостоен истражувач, Гордана Такец-писателка, поет, уметник, д-р Фанче Јошевска,од областа на техничките науки и Народниот театар Битола.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свечената академија, која ќе се одржи по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот