Фото: Скриншот

Новинар го праша Трамп што ќе направи доколку Иранците го заробат американскиот пилот – еве каков одговор доби

Додека американските и израелските сили трагаат по еден од пилотите на ловецот Ф-15 кој морал да се катапултира по уривањето над Иран, американскиот претседател Доналд Трамп одбива да каже што ќе преземат САД доколку исчезнатиот член на екипажот биде фатен и повреден.

Во краток телефонски разговор за „Индепендент“, Трамп изјави дека не може да коментира каков би бил неговиот одговор доколку иранските сили први стигнат до соборениот пилот.

„Се надеваме дека тоа нема да се случи“, рече претседателот и набрзо го прекина разговорот.

Потрагата по исчезнатиот пилот продолжува. Трамп изрази оптимизам за судбината на исчезнатиот офицер од воздухопловството додека трае обемна потрага што ја спроведуваат американските и израелските сили за борбено пребарување и спасување.

Еден од двајцата пилоти од соборениот двосед е пронајден и спасен кратко по инцидентот, но другиот сè уште се води како исчезнат.

Во меѓувреме, иранската државна телевизија го повика населението секој „непријателски пилот“ да го предаде на полицијата, ветувајќи награда за оној што ќе го стори тоа. Гувернерот на иранската покраина Кохгилује и Бојер-Ахмад изјави дека секој што ќе го зароби или убие соборениот пилот ќе биде „награден“.

Иако претставници на Белата куќа потврдија дека е информиран за инцидентот, претседателот Трамп сè уште јавно не го признал уривањето на авионот. Во јавноста не е виден од средата навечер, кога во телевизиско обраќање до нацијата ги повторуваше оправдувањата за војната со Иран што веќе ги изнесуваше на социјалните мрежи во текот на едномесечниот конфликт.

Тогаш претседателот тврдеше дека „никогаш во историјата на војувањето непријател не претрпел толку очигледни, разорни и огромни загуби за само неколку недели“. Изјави дека иранските воздухопловни сили, морнарицата и капацитетите за балистички проектили се „во урнатини“ и „исчезнати“. Дополнително рече дека САД „го поразиле и целосно го десеткувале Иран“ и дека „ќе ја довршат работата, и тоа многу брзо“.

ФОТО | Соборен е американски борбен авион, пилотот паднал во рацете на Иранците

ВИДЕО | „Ќе го пронајдеме“ – вооружено иранско племе тргна во лов на американскиот пилот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот