ВИДЕО | „Ќе го пронајдеме“ – вооружено иранско племе тргна во лов на американскиот пилот
Припадници на племето Бахтијари во иранската покраина Хузестан се вооружиле и се упатиле кон планините во потрага по исчезнатиот пилот на американски борбен авион Ф-15. Снимка што се прошири на социјалните мрежи прикажува група мажи со пушки кои тргнале во потрага, објави Ириб Њуз.
Препорачано
Порака на племето
Во пораката објавена заедно со снимката, припадниците на племето изразиле уверување дека ќе успеат во својата намера.
„Не грижете се, ќе го пронајдеме“, порачаа тие.
Државната телевизија во покраината Кохгилује и Бојер-Ахмад ги повика граѓаните да се вклучат во потрагата, со порака дека оние што ќе го фатат пилотот жив и ќе го предадат на властите ќе добијат парична награда.
На почетокот, според истите извештаи, се појавиле и повици пилотот да биде убиен, но таа порака подоцна била повлечена и официјално било побарано негово апсење. Вашингтон засега не се огласил за овие тврдења, а информациите не се независно потврдени.
Да потсетиме, според извештаите што ги пренесуваат меѓународните медиуми, над Иран бил соборен американски борбен авион Ф-15, што би бил првиот потврден случај дека иранските сили собориле американско летало од почетокот на конфликтот.
Американските власти засега не се огласиле официјално за околностите на уривањето, а извештаите доаѓаат во момент кога трае операцијата за пребарување и спасување. Според некои наводи, еден член од екипажот е пронајден, но деталите не се потврдени.
Соборувањето на Ф-15 ги доведува во прашање претходните тврдења на Доналд Трамп и американскиот воен врв за целосна воздушна надмоќ над Иран, бидејќи покажува дека иранската противвоздушна одбрана и натаму има одредени оперативни способности.
Bakhtiari tribes in Khuzestan headed into the mountains, rifles in hand, searching for the missing American F-15 jet pilot — saying:
“Don’t worry, we’ll find him.” pic.twitter.com/bzeqHrGGr4
— IRIB (Islamic Republic of Iran Broadcasting) (@iribnews_irib) April 3, 2026
Ф-15 инаку е еден од најпознатите американски борбени авиони, во употреба уште од 1970-тите. Станува збор за повеќенаменски ловец со голема брзина и дострел, а понапредните верзии како Ф-15Е се користат и за прецизни напади врз цели на земја и често учествуваат во сложени борбени мисии длабоко зад непријателските линии.
Тврдења за соборување на Ф-35
Понатаму, според засега непотврдени извештаи што ги пренесува иранската агенција Тасним, силите на Корпусот на чуварите на исламската револуција тврдат дека над централниот дел на Иран собориле американски борбен авион Ф-35 Лајтнинг II.
Според тие наводи, пилотот по соборувањето се катапултирал и слетал на иранска територија, а постојат индиции дека иранските сили можеби го заробиле. Информациите за неговата судбина засега не се независно потврдени.
Исто така се тврди дека станува збор за втор соборен Ф-35 и дека леталото е целосно уништено, но тие тврдења не се потврдени од американски извори. Овие информации доаѓаат во контекст на ескалација на конфликтот откако Соединетите Американски Држави и Израел започнаа воени напади врз Иран, на што Техеран одговори со низа ракетни и дронски напади.
Хеликоптери и пукотници
На социјалните мрежи се појави снимка за која се тврди дека прикажува ирански полицајци како пукаат кон американски воени хеликоптери за време на операција за пребарување и спасување на југот на Иран.
Insane footage of Iranian police officers wielding automatic rifles opening firing on U.S. Air Force HH-60G “Pave Hawk” Combat Search and Rescue (CSAR) Helicopters flying low earlier today over Southern Iran, during the search for the crewmembers of an American F-15E Strike Eagle… pic.twitter.com/LKIFdM5nQJ
— OSINTdefender (@sentdefender) April 3, 2026
Според достапните информации, станува збор за хеликоптери ХХ-60Г „Пејв Хок“, кои се користат во борбени операции за пребарување и спасување и учествувале во потрагата по членовите на екипажот на американскиот борбен авион Ф-15Е за кој Иран тврди дека е соборен.
ФОТО | Соборен е американски борбен авион, пилотот паднал во рацете на Иранците


