Сателитска снимка на Ормускиот Теснец / Фото: Wikimedia Commons

Нови тензии во Ормускиот Теснец – Америка пак го нападна Иран, Техеран возврати

Американската војска започна нови напади врз Иран, насочувајќи се кон локации за кои американските претставници веруваат дека претставуваат закана за американските сили и комерцијални бродови во Ормускиот Теснец, потврди за Ројтерс неименуван американски функционер.

Функционерот додаде дека американската војска, исто така, пресретнала и соборила неколку ирански беспилотни летала кои претставувале слична закана.

Набрзо следеше одговорот на Техеран. Вооружените сили на Иран објавија дека, како одговор на американскиот напад во близина на аеродромот Бандар Абас, гаѓале американска воздухопловна база.

Странските агенции известуваат дека е нападната американската база во Кувајт.

Ненајавените американски воени напади се случија во време на разговорите за ставање крај на тримесечната војна во која загинаа илјадници луѓе и се зголемија глобалните цени на енергијата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера го отфрли извештајот на иранските државни медиуми дека Иран и Оман заеднички ќе управуваат со превозот низ Ормускиот теснец како дел од мировниот договор. Трамп рече дека водниот пат ќе остане отворен.

Ормускиот Теснец станува буре барут – Трамп му се закани на Оман со напад


САД последен пат извршија, како што ги нарекуваат, одбранбени напади против Иран во понеделник, што Иран го нарече кршење на кревкото примирје меѓу двете земји. Американските цели вклучуваа бродови што се обидуваа да постават мини и места за лансирање ракети. САД ги сметаа за закана за своите сили.

Вооружените сили на Иран објавија дека нападнале американска воздухопловна база како одговор на американскиот напад во близина на аеродромот Бандар Абас. Тие не прецизираа за која база станува збор, но предупредија на порешителен одговор и рекоа дека одговорноста за последиците е на агресорот, пишува новинската агенција Тасним.

Странските агенции јавуваат дека американската база во Кувајт била нападната.

„Непријателот знае дека агресијата нема да остане без одговор“, се вели во соопштението. Оваа ескалација дополнително ја зголемува неизвесноста околу опстанокот на примирјето меѓу САД и Иран.

Најновиот инцидент доаѓа откако Вашингтон претходно оваа недела изјави дека започнал напади во самоодбрана, таргетирајќи бродови за кои рече дека поставувале мини. Техеран ги нарече нападите кршење на постојното примирје.

Во исто време, се појавија контрадикторни информации за можен договор. Иранската државна телевизија објави дека е изготвена „почетна неофицијална рамка за меморандум за разбирање“ меѓу двете страни. Според овој план, американските сили ќе се повлечат од близина на Иран и ќе ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа.

Сепак, од Вашингтон ги отфрлија тие тврдења за нацрт-договорот, нарекувајќи ги целосна измислица.

Ормускиот Теснец повторно во фокусот – САД и Иран преговараат преку посредници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот