Морски сообраќај низ Ормускиот теснец/ Фото: Marinetraffic принтскрин

Ормускиот Теснец повторно во фокусот – САД и Иран преговараат преку посредници

Иранската државна телевизија денеска објави дека Техеран добил нацрт на иницијален неофицијален рамковен документ за меморандум за разбирање со Соединетите Американски Држави, пренесува Ројтерс.

Според нацртот, Иран би дозволил обновување на комерцијалниот бродски сообраќај низ Ормускиот Теснец на ниво од пред војната во рок од еден месец, додека САД би ги повлекле воените сили од регионот околу Иран и би ја укинале поморската блокада на Ормуз.

Иранската државна телевизија наведе и дека нацртот на рамката, кој го исклучува минувањето на воени бродови и предвидува Иран да управува со бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец во соработка со Оман, сè уште не е финализиран и дека Техеран нема да преземе никакви чекори без „опиплива верификација“.

Доколку конечниот договор биде постигнат во рок од 60 дена, тој треба да биде потврден со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации. Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран треба да произлезе од индиректните преговори за завршување на војната, во кои Пакистан имал централна улога како посредник.

Високиот ирански функционер Али Багери претходно денеска изјави дека Иран и Оман водат преговори за воспоставување нов режим на минување низ Ормускиот Теснец, еден од најважните светски поморски патишта за транспорт на нафта и течен природен гас, кој е затворен по американско-израелските напади врз Иран кон крајот на февруари.

„Како соседни држави, Иран и Оман преговараат додека не се утврди нов механизам за минување низ Ормускиот Теснец“, изјави на маргините на меѓународниот безбедносен форум во Москва заменик-секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека разговорите со Иран за продолжување на прекинот на огнот и повторното отворање на Ормутскиот Теснец ќе траат уште неколку дена.

Договорот за мир со Иран е при крај, Ормускиот Теснец набргу пак ќе се отвори, вели Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот