Нови случаи на омикрон потврдени во Британија

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Уште два случаи на омикрон сојот на коронавирусот се откриени во Англија, а две лица биле патници од Јужна Африка, соопштија денеска здравствените власти.

Шкотската влада претходно денеска соопшти дека открила шест случаи и дека здравствените власти во Англија претходно потврдиле три позитивни тестови на омикрон варијантата во текот на викендот, со што вкупниот број достигна 11 во Обединетото Кралство.

Велика Британија сега ги зголеми напорите во ширење на кампањата за вакцинирање на населението со трета доза против ковид-19, иако не се знае дали вакцините воопшто се ефективни против новиот сој, пренесува Ројтерс.

Брисел предлага земјите од ЕУ да не се ограничуваат меѓусебно поради сојот омикрон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот