Нови проблеми за Србија: Поранешниот вардарец Милосављев позитивен на корона

Дејан Милосављев во 2019 година со Вардар триумфира во ЛШ/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната репрезентација на Србија има нови позитивни позитивни тестови на ковид-19 пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Како што објави ракометната федерација на Срција, нови позитивни на ковид-19 се Немања Илиќ и поранешниот голман на Вардар кога во 2019 година ја освои титулата во ЛШ, Дејан Милосављев и нивниот настап е неизвесен во првата фаза поради правилото на ЕХФ за седумдневен карантин.

Претходно, помеѓу 3 и 6 јануари позитивни на коронавирус беа и Владимир Цупара, Богдан Радивојевиќ,Стеван Сретеновиќ, Илија Абутовиќ, Драган Пешмалбек, Немања Зеленовиќ и Вања Илиќ, а позитивен беше и селекторот Тони Џерона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот