Новата власт во битолскиот општински совет ја прескокна „Северна“ во свечените заклетви

Конститутивната седница на Советот на Општина Битола / фото: Општина Битола/Фејсбук

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и советниците од Левица, кои заедно ќе го сочинуваат новото мнозинство во Советот на Општина Битола, во свечените заклетви кои ги дадоа по верификацијата на нивните мандати, на крајот од заклетвата ја прескокнаа придавката Северна и наместо тоа рекоа Република Македонија, објави Битола њуз.

Истото го направи и новата претседателка на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска која ја кажа свечената заклетва без Северна, пишува порталот.

Опозициските советници на СДСМ и Коалиција при читање на свечената заклетва го кажале уставното име, Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот