Новата сезона во Францускиот институт ќе биде отворена со модна изложба

Покана за отворањето на изложбата во Францускиот институт

Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Шпанија, новата сезона ја отвора со модната изложба „Носиме Уметност / llevamos Arte / nous portons l’Art“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Изложбата ќе биде отворена на 26 јануари (петок), во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 48) од страна на претставници од Амбасадата на Франција и на Шпанија.

Оддавајќи им почит на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева, која со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека веќе организираше модна ревија во Музејот на град Скопје.

Преку избор на дел од овие модни креации, создаден е омаж на еден најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје, чие отворање е прв културен настан во Францускиот институт за 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот