Трајче Кацаров, писател и драматург

Новата прозна книга од Трајче Кацаров е романот во раскази „Трамвај во недела“

Книгоиздателството „Панили“ ја објави новата прозна книга на Трајче Кацаров – романот во раскази „Трамвај во недела“.

Кацаров е еден од најпосветените автори во актуелната македонска прозна продукција, а со своите книги објавени последниве неколку години промовира исклучително интересна поетика во македонската проза, во којашто се остварува спој на автобиографското, хуморот, приказната како предизвик, а со тоа и наратологијата, но и личното, обемно книжевно искуство на овој истакнат писател, вклучително и на теренот на драмата.

„Трамвај во недела“ е исклучителна книга што се очекува да побуди интерес кај поширокиот читателски аудиториум. Како што е напоменато, книга што се одликува со хумор за чистење на паразитите што го нагризуваат здравјето на човекот.

– Велат дека смешното доаѓа од големата желба за живот. Излегува дека мојата голема желба да живеам – да се радувам, насладувам, да  љубам, не ме прави ништо друго освен смешен. Не можам да им кажам на мртвите, зашто тие и да ме слушнат и веруваат само на гласовите на смртта, затоа пак можам јасно и гласно да им кажам на живите: „На планетата лудница за другите планети во галаксијата, светот не е ништо друго освен смешен!“ Драг читателу на  овој, ако може да се нарече,  роман во раскази, доколку од  животните прилики на романескните ликови не забележите дека и вашето воспитание, образование, вашите емоционални изливи  и љубовта, не се смешни, сте заглавиле во неизлечива досада. Прочитајте, па дознајте! – порачува самиот Кацаров.

Книгата „Трамвај во недела“ веќе е достапна за читателите во книжарниците на „Матица македонска“ и преку нивната веб-страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот