Љупчо Јолевски со книгата „Дијалози за слободата“

Новата книга „Дијалози за слободата“ на Љупчо Јолевски ќе има промоција во галерија „Метаноја“

Издавачката куќа „Метаноја“ на 27 ноември, во 19 часот, организира промоција на своето најново издание со наслов „Дијалози за слободата“ во авторство на новинарот и публицист Љупчо Јолевски.

Во книгата се забележани четириесетина разговори со исто толку современи македонски визуелни уметници работени во периодот пред, за време и по пандемијата. Годините кои по многу нешта го изместија нашето живеење, моментите на преиспитување на нашите поимања на опстојбата и потребата да се креира еден вид отпор и жед за лет, и конечно ја потврдија идејата за слободата како врвен дострел.

Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“ Нада Милкова, а за книгата ќе говорат Коста Милков и Маја Чанкуловска-Михајловска. За своето дело на публиката ќе ѝ се обрати и авторот Љупчо Јолевски.

Промоцијата на книгата „Дијалози за слободата“ ќе се одвива во амбиент на изложените дела од поставката „Лица“ на Здружението за култура „Транзен“, а на домашната ликовна публика по првпат заедно ќе ѝ ја дари изложбата „Живот за уметноста“ на Александар и Ивана Настески, известија од „Метаноја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот