Новартис донира 100.000 долари на Институтот за јавно здравје

Фармацевтската групација Новартис во Република Северна Македонија (Претставништво на Новартис Фарма и Лек Скопје член на компанијата Сандоз), донираше 100.000 долари на Институтот за јавно здравје со цел полесно справување на нашата земја со вирусот COVID-19, кој доби пандемски размери.

Како компанија на којашто општествената одговорност ѝ е еден од главните приоритети, сметаат дека вложувањето на компаниите во услови на пандемија е исклучително важно. Токму поради тоа, Претставништвото на Новартис Фарма и Лек (Сандоз) одлучија да одговорат на предизвикот и да дадат своја поддршка на надлежните институции во справувањето со состојбата предизвикана од COVID-19.

Со донираните средства ќе биде опремена уште една лабораторија за тестирање со целата потребната апаратура и тестови, со што ќе се обезбеди побрзо и полесно надминување на најголемата здравствена криза во нашата земја.

Глобалната швајцарска компанија Новартис, од која е дел и Лек (Сандоз), пред неколку дена објави дека ќе донира 20 милиони американски долари за земјите најпогодени од епидемијата на коронавирус. Новартис е силно посветен во глобалната битка против COVID-19 и насочен кон поддршка на глобалните здравствени системи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот