Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон, Де Минор го предаде мечот поради повреда

фото: EPA-EFE/TIM IRELAND

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако Австралиецот Алекс Де Минор го предаде мечот поради повреда со која се здоби на претходниот меч против Артур Фис.

Де Минор заработи повреда на мечот со Фис, а на прес-конференцијата по мечот не сакаше да зборува за повредата. Кажа дека ќе најде начин да игра против Ѓоковиќ, но тоа не е можно.

Имено, Де Минор свика итна конференција пред мечот со Ѓоковиќ на која ја обелодени состојбата на повредата, како и фактот дека нема да може да игра.

Српскиот ас Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон ќе игра против подобриот од дуелот Тејлор Фриц – Лоренцо Музети.

Веќе е позното првото полуфинале, Данил Медведев ќе игра против Карлос Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот