Новак Ѓоковиќ направи нешто нереално сезонава – невидена доминација во светскиот тенис!

фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Новак Ѓоковиќ се подготвува за крајот на сезоната која е одлична за него. Успеа да направи нешто што до сега не го направил во кариерата.

Имено, најдобриот светски тенисер во оваа натпреварувачка година не загуби ниту еден меч во Австралија и САД (неговиот рекорд е 24-0). Ноле ги освои Аделаида и „Австралија опен“, како и Синсинати и „УС Опен“. Ѓоковиќ за првпат во кариерата стигна до ова достигнување.

Сето тоа го направи откако минатата година беше депортиран и понижен во Австралија. Покажа сила, одлучност и храброст и јасно стави до знаење дека сè уште е гладен и желен за трофеи од најголемите турнири.

Вреди да се истакне дека покрај двата споменати грен слема, тој го освои и „Ролан Гарос“, додека играше и во финалето на „Вимблдон“ каде беше поразен од Карлос Алкараз.

За потсетување, првиот светски рекет ќе игра на три турнири до крајот на оваа сезона: Мастерсот во Париз (30 октомври – 5 ноември), Завршниот Мастерс во Торино (12-19 ноември) и Дејвис купот со репрезентацијата на Србија (21-26 ноември).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот