Новак Ѓоковиќ го губи првото место пред „Вимблдон“?

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Моментно на АТП листата води Новак Ѓоковиќ со 7,595 поени, пред Карлос Алкараз (7,175), а третопласиран е Данил Медведев (5,845).

Србинот Ѓоковиќ има 420 бодови повеќе од Шпанецот Алкараз, а победникот на претстојниот турнир во Квинс освојува 500.

Доколку Ноле одлучи да не настапи на овој турнир, а притоа ги зачува силите за „Вимблдон“ кој е закажан за неполн месец, Алкараз со освојување на Квинс би се вратил на првото место на АТП.

Одамна веќе врвот на АТП листата не е приоритет на Ѓоковиќ, откако го надмина рекордот на Рожер Федерер по бројот на недели поминати како првопласиран.

Познатиот српски тенисер сè уште не одлучил дали ќе игра на некој од подготвителните турнири пред „Вимблдон“. Постои можност да учествува на егзибициски турнири, на кои настапуваше и претходно.

Едниот е Бадлс во околината на Лондон, а другиот „Џорџо Армани Класик“ во паркот Харлингем недалеку од стадионот на Челси.

Учеството на турнирот во Квинс го потврдија Холгер Руне, Тејлор Фриц, Матео Беретини, Енди Мареј. Навистина силна конкуренција за Алкараз, па никој не може со сигурност да каже дека тој сигурно ќе биде победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот