Нова студија: Сладоледот и чипсот предизвикуваат зависност како никотинот и кокаинот

Фото: Pexels/Rodnae productions

Не можете да го оставите ќесето чипс? Науката вели дека проблемот не е во вас, туку во нездравата храна. Експертите велат дека ултра-обработената храна предизвикува зависност како никотинот, кокаинот или хероинот, пренесува „Њујорк пост“.

Новата анализа на 281 студија во 36 различни земји покажа дека неверојатни 14 отсто од возрасните се зависни од ултра-обработена храна.

Откритието е шокантно кога знаеме дека ултра-обработената храна, која вклучува колбаси, сладолед, грицки, безалкохолни пијалаци и слатки житарки, е поврзана со когнитивно опаѓање, карцином, психолошки проблеми, па дури и со рана смрт.

„Се чини дека комбинацијата на рафинирани јаглехидрати и масти кои често се наоѓаат во ултра-обработената храна може да го зголеми потенцијалот за зависност од оваа храна“, напишаа авторите на студијата во нивните наоди објавени во „The BMJ“.

Еден од авторите на студијата, Крис ван Тулекен, рекол за „Гардијан“ дека „ултра преработената храна предизвикува зависност кај многу луѓе“.

„Кога луѓето стануваат зависни од храна, во прашање е речиси секогаш ултра-обработената храна“, додал Тулекен.

Зошто е тоа така останува мистерија. Научниците се сомневаат дека само една состојка може да предизвика зависност.

„Консумирањето ултра-обработена храна предизвикува налет на допамин, кој се намалува со текот на времето, што доведува до ненадеен циклус на желба, копнеж, слично како некој кој е зависник од алкохол или од дрога. Иако е малку веројатно дека сами по себе предизвикуваат зависност, адитивите во храната може да ги интезивираат калориските ефекти“, забележал истражувачкиот тим.

Според мислењето на Ван Тулекен, производите кои предизвикуваат зависност немаат ист ефект кај сите.

„Речиси 90 отсто од луѓето можат да пробаат алкохол и да не развијат проблематична врска. Така, некој ќе изеде грст чипс и ќе биде задоволен, а некој можеби нема да ја има таа среќа.“

Повеќето намирници се безбедни во умерени количини. „Хелтлајн“ (Healthline) наведува дека не повеќе од 10 до 20 отсто од нашите калории треба да доаѓаат од преработена храна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот