Нова студија открива: Ризикот од рак се намалува за 50 отсто, најмалку 15 години по откажувањето од цигарите

Фото: Deborah Ernest / Alamy / Profimedia

Откажувањето од пушењето го намалува ризикот од рак на која било возраст, покажуваат резултатите од најновата студија на јужнокорејски научници. Истражувањето покажало дека шансите за развој на рак се намалуваат за 50 отсто најмалку 15 години по откажувањето од пушењето, објави „Гардијан“.

„Без оглед на возраста, се покажа дека откажувањето од пушење го намалува ризикот од развој на рак, особено рак на белите дробови, со раниот прекин пред средната возраст што доведува до значително намалување“, изјавил д-р Џин-Кјонг О , кој ја водел студијата во Националниот центар за рак.

Студијата покажала дека ризикот од рак на белите дробови опаѓа уште повеќе, особено кај оние кои се откажале од пушењето пред средната возраст. Истражувачите ги анализирале медицинските досиеја на речиси три милиони јужнокорејски граѓани кои имале здравствени прегледи од 2002 година наваму и забележале случаи на рак, вклучувајќи тумори на белите дробови, црниот дроб и желудникот до 2019 година.

Во текот на студијата, на речиси 200.000 луѓе им бил дијагностициран рак. Истражувањето го спровел Националниот центар за рак лоциран во близина на Сеул. По просечно следење од 13 години и пет месеци, ризикот од рак на белите дробови кај оние кои престанале да пушат паднал за 42 отсто, со помал пад од 27 отсто за рак на црниот дроб и 14 отсто за рак на желудникот во споредба со оние кои продолжиле да пушат.

Според студијата, пушачите кои се откажале од пушењето пред 50-тата година имале 57 отсто помал ризик од рак на белите дробови за време на периодот на следење во споредба со оние кои продолжиле да пушат.

Оние кои се откажале на возраст од 50 или повеќе години имале 40 отсто намален ризик од рак на белите дробови во тој период.

Ракот предизвикува повеќе од една четвртина од сите смртни случаи во Британија секоја година, а ракот на белите дробови е далеку најчест. Пушењето предизвикува најмалку 15 различни видови на рак, кои ги зафаќаат белите дробови, мочниот меур, желудникот и цревата и органите, како што се бубрезите и црниот дроб. Тутунот е најголемата причина за рак и смрт што може да се спречи во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот