Нова шанса за подобар живот за Чендлер, кучето кое беше оставено да умре во напуштена фабрика во Автокоманда

Фото: Принтскрин, ЈП „Лајка“

Германскиот овчар кој минатата недела беше оставен во напуштена фабрика во Автокоманда, без храна и вода, сега е во многу добра состојба, соопштија од ЈП „Лајка“.

На видеото што го објавија на социјалните мрежи, може да се забележи дека германскиот овчар е весел и разигран, а од „Лајка“ велат дека го нарекле Чендлер, по ликот што го толкуваше Метју Пери во серијата „Пријатели“, а кој неодамна беше пронајден мртов во неговиот дом.

Ново име, нова шанса за подобар живот. Чендлер најмногу му се радува и сака да игра со Зоран, бидејќи тој и го спаси од напуштената фабрика и му пружи прва помош. Кучињата никогаш нема да ја заборават вашата добрина, да покажеме љубов, добрина и љубезност, како што ни ја покажуваат и даваат тие на нас. Чендлер веќе е многу подобро, а во текот на наредната недела ќе биде објавен за вдомување – соопштија од „Лајка“.

ФОТО: Неодговорен сопственик двапати го напушта кучето врзано и изгладнето, ЈП „Лајка“ најави кривична постапка

Екипите на „Лајка“ пред два дена соопштија дека на 26 октоври, граѓани пријавиле дека има заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда. Тие констатирале дека се работи за исто куче, кое било заловено на 18 октомври годинава, па било вратено кај сопственикот.

Кога пристигнаа на посочената локација, го најдоа истиот германски овчар, напуштен и ВРЗАН во напуштената фабрика. Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе – информираат од ЈП „Лајка“.

Фото: ЈП „Лајка“, Фејсбук/ Колаж: Слободен печат

Од претпријатието соопштија дека кучето ќе остане кај нив, сè додека некој не го вдоми, а случајот ќе биде пријавен во Агенција за храна и ветеринарство и ќе биде поведена кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот