Нова шанса за фудбалерите, УЕФА го зголемува бројот на учесници на ЕП?

Македонија дебитираше на Европско првенство/EPA-EFE/Olaf Kraak

Фудбалската репрезентација на Македонија ова лето за прв пат во историјата беше дел од континенталниот собир и иако доживеа три порази прикажа солидни игри против Австрија, Украина и Холандија.

Сега фудбалерите кои веќе имаат нов селектор, на Игор Ангеловски му истече договорот и на негово место е поставен довчерашниот селектор на младата репрезентација Благоја Милевски, ќе имаат огромни шанси да бидат редовни учесници на Европските првенства.

„Асошиејтед Прес“ денеска открива дека УЕФА ја разгледува можноста Евро 2028 година да се прошири на дури 32 репрезентации, а конечната одлука се очекува да биде донесена до крајот на 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот