Нова научна студија покажува кои органи ги напаѓа коронавирусот

Студијата спроведена кај пациенти во кинескиот град Вухан, кој беше првото најголемо жариште на коронавирусот, откри дека оваа инфекција го оштетува мозокот и нервниот систем кај половина од сериозно болните пациенти и кај третина од сите заразени.

Симптомите што може да се појават кај овие пациенти се главоболка, нејасен говор, сопнување при одење, напади, невропатични болки…

Оваа студија за прв пат ги доведе во релација мозочните проблеми и коронавирусот, со сугестија на тоа дека ваквите симптоми може да укажат на пациенти со висок ризик.

Студијата опфати 214 пациенти од болницата Вухан и е спроведена од средината на јануари до средината на февруари, под водство на неврологот Бо Ху од Универзитетот за наука и технологија „Хаузхонг“.

  • Од испитаниците, 78, или 36,4 проценти, имале некакви невролошки симптоми. Споредено со пациентите со лесна инфекција, поголемиот дел тешко болни пациенти биле постарите лица, кои веќе имале нарушено здравје, со акцент на хипертензија и покажувале помалку карактеристични симптоми на Ковид-19, како што се температура и кашлица. Пациентите со тешка инфекција покажале невролошки симптоми, како што се цереброваскуларни заболувања (5 наспроти 1), губење на свеста (13 наспроти 3) и повреда на скелетните мускули (17 наспроти 6),- се вели во студијата.

Кинеските научници ги советувале лекарите ако во текот на пандемијата со коронавирус наидат на такви пациенти, да го земат во обзир тешкиот акутен респираторен синдром како диференцијалната дијагноза. Тие тврдат дека ова ќе ги намали шансите за задоцнето или погрешна дијагноза, и дека тоа ќе спречи понатамошно пренесување на вирусот.

– Набудувањето на невролошките компликации кај некои од заразените пациенти вреди да се забележи, но не треба да ни го одвлекува вниманието од главниот проблем, односно од акутниот респираторен дистрес синдром – вели вирологот Јан Џонс од Универзитетот „Ридинг“ во Велика Британија.

– Во овој момент, најдобро е да се погледнат невролошките компликации како последица на сериозноста на болеста Ковид-19, а не како на некој нов симптом, заклучува Џонс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот