Нова градинка стои заклучена и празна поради партиски инаети
Градинка во скопското село Арачиново, која е завршена и подготвена за употреба, никако да се отвори, а причината се лични и партиски инаети, објави ТВ21. Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, го нарече министерот за социјална политика и демографија, Фатмир Лимани „нелегитимен министер“ и сега Лимани одбива да потпише за вработувања во градинката, доколку Ибраими јавно не му се извини.
Препорачано
-За повеќе, градоначалникот на Арачиново, треба да се извини јавно за делот на изјавата дека јас сум нелегитимен министер и моментално тој да се одреди, дали јас сум или не легитимен, кога тој ќе се увери дека сум легитимен и истовремено и мојот потпис ќе биде легитимен, изјави Лимани.
Од своја страна, градоначалникот на Арачиново Ибраими вели дека ќе им се извини на 20-те илјади жители од Арачиново, кои немаат градинка во нивната општина.
-Јас сметам дека заедно треба да им се извиниме и на Светската банка и на граѓаните на Арачиново и на децата кои се најсветото нешто што ни го подари Господ, за нив ние работиме, на нив да им овозможиме, изјави градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими.
Според ТВ21, оваа градинка е само една од повеќе вакви објекти во земјава кои се изградени, а од различни причини не се пуштаат во употреба.


