Нова егзибиција на еко-активист: Ја прекина операта „Волшебната флејта“ во Париз

Фото: Le Figaro / Twitter

Еколошки активист од колективот „Последна обнова“ ја прекина оперската претстава „Волшебната флејта“ во еден театар во Париз.

Активистот се качил на сцената и се закачил како дел од сценографијата, пренесе денес парискиот весник „Фигаро“.

Млад човек во бела маица со натпис на англиски „Ни остануваат уште 879 дена“ излезе на сцената во текот на вториот чин на операта и го закачи вратот на скалите поставени како дел од сценографијата.

„Тоа што сум тука не е од задоволство“, извика активистот пред да биде спуштена завесата, додека публиката негодуваше, свиркаше и скандираше „Оди си оттука“.

Претставата биле прекината десетина минути, а активистот е уапсен.

Во изминатите денови, зачестија „нападите“ на еколошки активисти врз уметнички дела, а нивна цел беа дела на Ван Гог и Вермер, меѓу другите.

ВИДЕО: Еко-активистите ја нападнаа и „Девојката со бисерна обетка”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот