Нова брука на УЕФА, го лажирале гласањето и го исфрлија омилениот фудбалер поради пари

фото: УЕФА

Европската фудбалска федерација уште еднаш потврди дека интересите се најважни.

УЕФА вчера го објави тимот на годината, а денеска веќе почнаа сериозните обвинувања за „местенките“ при изборот.

Имено, според информациите од англиските медиуми, формацијата на идеалниот тим од 4-3-3, овој пат за прв пат во историјата е сменета во 4-2-4 само за да се направи место за Кристијано Роналдо.

Португалецот кој беше во конкуренција кај напаѓачите беше трет по бројот на гласовите, зад Роберт Левандовски, Лионел Меси и Мохамед Салах, но луѓето на УЕФА по секоја цена сакаа да го вметнат Роналдо во тимот, па направија тим со четири напаѓачи. Поради оваа одлука од најдобриот тим испадна миленикот на навивачите, НГоло Канте од Челси, но и Мохамед Салах, па во средниот ред има само двајца фудбалери, Кевин Де Брујне и Френки де Јонг.

„Ова е на работ на лажирање. Ок, Роналдо е најпопуларен спортист на светот, но не можете да ја смените формацијата доколку навивачите гласале поинаку“, изјавил анонимен извор од УЕФА.

УЕФА во своја одбрана тврди дека формацијата е најмалку важна, дека во прашање се комбинирани гласови на навивачите со остварувањата на фудбалерите и дека Кристијано Роналдо со Португалија триумфира во Лигата на Нациите.

„Сега во тимот имаме пет освојувачи на Лигата на шампионите, четворица финалисти во Лигата на Нациите, а меѓу нив има и еден победник“, стои во соопштението на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот