Нов закон на сила во Русија: Блок за повици за демонстрации, тероризам, државни тајни и детска порнографија на интернет просторот

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Во Русија од денеска е на сила закон кој на операторите на социјалните мрежи им наложува на откриваат и блокираат разни содржини, меѓу кои и повици за демонстрации за кои нема дозвола од властите и кои се сметаат за противзаконски.

Интернет содржини што се однесуваат на тероризам и државни тајни, исто така, не треба да бидат повеќе достапни, се вели во текстот на законот.

Упатства за производство на дрога, детска порнографија, потикнувања на самоубиства и содржини што се спротивни на рускиот Устав, исто така, ќе бидат блокирани.

Руските власти во последните денови се особени строги кон социјалните мрежи по повиците за протести во знак на поддршка на притворениот опозициски дисидент, Алексеј Навални кому му беа праќани преку интернет. Веќе се изречени казни за Фејсбук, Твитер и Јутјуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот