Нов удар врз мафијата во Италија: Приведени 28 членови на кланот Сенесе

epa05166635 Alleged boss of the Camorra mafia, Vincenzo Amirante (C), is escorted to a police car after being arrested by Italian Carabinieri close to Forcella's district in Naples, Italy, 17 February 2016. EPA/CIRO FUSCO

Италијанската полиција денеска уапси 28 лица осомничени дека се членови на кланот Сенесе, кој дејствува во Рим, во рамки на Камора.

Рациите, рано изутрина, биле извршени во провинциите Рим, Неапол, Верона, Фросиноне и Аквила, јави АНСА. Повеќе од 200 полициски и финансиски службеници учествуваа во операцијата.

Приведените се товарат за изнуда, измама, криминален трансфер на добра и имот, перење пари и повторна употреба на криминално стекнати профити. Во операцијата е одземен имот вреден 15 милиони евра. Полицијата соопшти дека тие го обезглавувале раководството на кланот на Сенeсе.

Во налозите за апсење беа шефот на кланот Микеле Сенесе, кој во моментов е во затвор за убиство од 2001 година, неговиот брат Анџело Сенесе, неговиот син Винченцо и неговата сопруга Рафаела Гаглионе. Сите тие се обвинети за употреба на мафијашки методи за мафијата да навлезе во економијата на Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот