Нов случај на коронавирус, целиот тим на Металург во изолација

фото: РК Металург

Екипата на Металург денеска не го одигра натпреварот од 5. коло од Суперлугата против Младост во Богданци бидејќи целиот тим заедно со стручниот штаб замина во изолација.

Причината за тоа е новиот позитивен случај на коронавирус во редовите на Металург, поради што екипата воопшто не се ни симна од автобусот туку директно замина во изолација.
Имено, веста за позитивниот резултат на ковид-19 на неименуван ракометар, ја затекнала екипата во автобусот на пат кон Богданци и поради незаштитен контакт со останатите играчи и членови на стручниот штаб, целата тим е испратен во 14-дневна изолција.

Поради ваквиот развој на настаните, Металург ќе побара од ЕХФ да го одложи натпреварот од второто коло од Лигата на Европа против Висла Плоцк, кој во вторник треба да се одигра во Скопје.

Претходно ракометарот на Металург, Мартин Серафимов и уште еден член на стручниот штаб беа позитивни на коронавирус и тие не бел од екипата која во вторникот играше против Тулуз во првото коло од Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот