Нов обид да се подигне на диво шанк на плажата Кадмо во Охрид, реагираше полицијата

Утрово на плажата Кадмо во Охрид се градеше шанк на диво на самата платформа . Потоа дојде полиција и градењето запре, вели читателка на Слободен печат која утрово ни испрати фотографија каде била сведок на бесправното градење.

-Плажата е исклучена од напојување, а тие заваруваа со апарати за заварување, значи или на диво се уклучиле или некој ги уклучил, вели таа.

Таа додава дека на терен имало и инспекција и полиција, по што градбата била прекината, а сето ова се случувало  во Охрид при работна посета на премиерот Зоран Заев  и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Портпаролката на градоначалникот на Охрид Наташа Смилеска потврди дека имало екипи на градежни инспектори на терен, бидејќи и тие самите имале таква дојава. Но официјален записник немало, и не можеше да ни даде одговор.

Премиерот Зоран Заев денеска беше во работна посета на Охрид каде со градоначалникот Константин Георгиески беа во обиколка на неколку локации каде се спроведуваат позначајни инфраструктурни и градежни зафати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот