Нов бран на коронавирусот е пред врата, а во прашање е најлошата верзија на омикрон

омикрон
Фото: Profimedia

Коронавирусот повторно се враќа на голема врата. Во Европа се регистрирани подваријантите на сојот омикрон – BA.4 и BA.5, кои побрзо се шират од другите и може да се очекува наскоро да станат доминантни. Тоа се должи на фактот што многу земји ги укинаа мерките за ковид, а сезона е на годишни одмори и повеќе се патува.

Колку е опасна подваријантата BA.5?

Подваријантата на омикрон, BA.5, е варијанта на вирусот што се појави и се чини дека во Њујорк дојде до зголемување на бројот на заразени токму со оваа варијанта и експертите се подготвуваат за можен шести бран на пандемијата. Новиот бран на ковид се чини дека започна во Њујорк, а го предводи новата и најсилна подваријанта на омикрон што е забележана до денес, а тоа го откри нивниот најпознат епидемиолог. Подваријантата BA.5, која најпрво беше забележана во Јужна Африка, а потоа и во Португалија, се смета, барем така тврдат некои експерти, за најлошата варијанта на омикрон досега, бидејќи се чини дека претходно стекнатиот имунитет не ѝ е препрека, а и е многу полесно се пренесува.

Доктор Џеј Варма, епидемиолог од Њујорк, наведува дека инфекцијата цврсто се држи на високо ниво во градот, наместо да се забележуваат се помалку заразени. „Зборувавме за мошне помал број случаи, но тоа веќе не е така. Според пријавени нови случаи, се чини дека преносот на вирусот е брз и кај луѓето помлади од 20 години. Се чини дека ова е почеток на новиот пандемиски бран“, објавил тој на Твитер.

Дали ќе дојде до голем пораст на новозаболени?

Во изминатите два месеца, се чинише дека бројките не растат, но сега работите се сменија. Спроведените тестирања покажуваат дека токму варијантата BA.5 е одговорна за околу 17 отсто од случаите на зараза, но бидејќи податоците се стари околу две недели, ЦДЦ вели дека денес станува збор за 37 отсто од случаите.

„Искуството на другите земји значи дека ќе дојде до голем пораст, засега во Њујорк, а тоа ги вклучува и оние кои биле заразени со варијантата омикрон. Варма додава дека сè уште не се знае што би значел овој нов бран со BА.5 кога станува збор за хоспитализацијата или бројот на смртни случаи, кои досега беа во опаѓање. Прашањето коешто само се наметнува – е дали бустер дозата на вакцината ќе делува против овој подтип на омикрон како што тоа го правеше кога во прашање беше подваријантата BA.1. Одговорот на ова прашање научниците сè уште не го знаат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот