Норвешката принцеза Мете-Марит се извини за пријателството со Епстин
Норвешката престолонаследничка Мете-Марит денес се извини поради своето пријателство со Џефри Епстин, откако минатата недела беа објавени документи од истрагата кои открија обемна комуникација меѓу неа и осудениот сексуален престапник, објави Ројтерс.
Препорачано
Во писмена изјава на официјалната веб-страница на норвешкото кралско семејство, Мете-Марит истакна дека ја разбира силната реакција на јавноста на овие информации, нагласувајќи дека се наоѓа во многу тешка ситуација.
„Сакам да упатам длабоко извинување поради моето пријателство со Џефри Епстин. Важно ми е да им се извинам на сите кои сум ги разочарала. Некои од содржините на пораките меѓу Епстин и мене не ја одразуваат личноста каква што сакам да бидам“, се наведува во пораката.
Кралскиот двор соопшти дека престолонаследничката во моментов не може да даде подетално објаснување, но дека се надева оти јавноста ќе ја разбере нејзината потреба од време „за емоционално закрепнување“, пренесува Танјуг.
Норвешката принцеза со години имала контакт со Епстин, покажуваат документите
Синот на норвешката принцеза уапсен поради напад со нож во пресрет на судењето за силување


