Нолевска суспендирана на една година и четири месеци поради допинг

фото: viborg-folkeblad.dk/

Од романската екипа на Корона Брашов поминале на терапија на клиниката во Брашов со интравенски ласер, забранета терапија од ВАДА.

Кон крајот на ноември минатата година беше објавено дека македонската ракометарка Наташа Нолевска од романската екипа на Корона Брашов поминале на терапија на клиниката во Брашов со интравенски ласер, забранета терапија од ВАДА.

Тамошната Комисија за сослушување на спортисти и асистентскиот персонал на спортистите ги утврди казните на 17 ракометарки на Корона Брашов.

Како што пренесуваат романските медиуми Нолевска е суспендирана од спортските активности на една година и четири месеци.

Истата суспензија ја имаат уште Ана Марија Лопатару, Елиза Бусечи, Дарија Букур, Елаине Гомез и Ивона Павичевиќ.

Вкупно три ракометарки беа суспендирани на една година и три месеци, а осум ракометарки имаат суспензија од една година и осум месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот