Нолевска: Да ја вратиме вербата во македонскиот женски ракомет кој е пред колапс!

facebook.com/coronahandbal/

Нолевска, ракометарката од Битола ќе има нов предизвик во својата кариера која ја продолжува во Романија. Своевремено беше дел од ЖРК Вардар и Феникс.

Корона Брашов е еден од најдобрите романски клубови, клуб со голема традиција и многу силен играчки кадар. Првите импресии се многу позитивни, се е професионално и на високо ниво. Амбициите за наредна сезона се да бидиме во топ три екипи во силната романска лига, а во Европа одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар. Задоволство е да се биде член на голем тим како што е Брашов, ќе го дадам најдоброто од себе да му помогнам на тимот да ги оствари зацртаните цели – ни изјави Нолевска.

Таа успешно дебитираше за екипата со пет погодоци во триумфот над Униреа.


Претходно нејзиниот сон беше остварен со трансферот во еден од најзвучните светски ракометни клубови, тимот на Виборг. А исто така ги бранеше и боите на Ринкобинг.

Виборг е тим кој што го следев како мала и сонував еден ден да го облечам зелениот дрес. Тој сон ми се оствари и слободно можам да кажам дека Виборг е еден од најдобрите светски клубови. Виборг е посебен, бидејќи луѓето кои работат во клубот се единствени. Атмосферата во клубот е неверојатна, постојано сте опкружени со луѓе кои одлично го познаваат ракометот, и кои освојувале се што може да се освои во ракометот. Иако Виборг во овај момент финансиски и резултатски не е на оние стари патеки, сите погледи во Данска се свртени кон него. Виборг е дел од данската традиција. Стекнав големо искуство таму, работев со еден од најдобрите дански тренери во одлични услови, сето тоа ми помогна да созреам како играч – додаде нашата ракометарка.

фото: viborg-folkeblad.dk/

Беше дел од мундијалскиот бараж против Словенија, но не успеавме да се пласираме на следното СП во Јапонија. Неодамна ги дознавме ривалите во квалификациите за ЕП 2020, тие се Португалија, Чешка и Шведска. Дуелите ќе започнат на крајот од септември, а првопласираните две селекции ќе одат на континенталниот собир.

Исто така, потсетување дека во 2022 година заедно со Словенија и Црна Гора ќе го организираме ЕП, а дотогаш според Нолевска треба многу да се промени доколку сакаме да се вратиме на добрите игри и победи.

Фото: РФМ

– Што се однесува до репрезантацијата на Македонија, сметам дека ни престои многу работа. Градиме основа неколку години, но реално сме далеку од европските репрезентации. Мора да се фокусираме на тоа Европско првенство, на домашен терен со голема поддршка на публиката да се обидеме да направиме добар резултат и да ја вратиме вербата во македонскиот женски ракометот кој за жал е пред колапс – се зборовите на десното крило Нолевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот