Маја Саздановска / Фото: Фејсбук/Маја Саздановска

„Ноќта станува потешка“: Маја Саздановска со емотивен спомен за починатиот сопруг

Пејачката Маја Саздановска и по речиси 12 години тешко ја поднесува загубата на својот сопруг Саша Лилчиќ, кој почина кога нивната ќерка Срна беше многу мала.

На својата инстаграм-приказна таа сподели заедничка фотографија со него, избирајќи ја како музичка подлога љубовната песна на Габи Новак „Први снијег“.

„Тој пат е сега студен, а градот е толку пуст. И ноќта станува потешка, а јас на топла дланка го топам првиот снег. Првите снегулки од белата зимска ноќ, го слушам мирот што празниот град го пее оваа ноќ. Можеби сега некаде гледаш, со челото на својот прозорец. Кој знае каде сега постои твојот дом“, се стиховите што одекнуваа во нејзината објава.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Во една прилика, за „Женски магазин“, Маја зборуваше за животот по загубата.

„Секој ден е предизвик, секој ден е борба со сам себе. Претпоставувам дека тоа е така и кај оние кои имаат и по двајца родители во својата приказна, но – многу жалење на никому не му донело ништо добро. Јас имам една девиза, а таа е дека патот е само право, назад не се вртиме, чекориме гордо и истрајно на својот сопствен пат“, рече пејачката.

За својата ќерка Срна, во емисијата „Бекстејџ“, откри дека трагедијата ја направила позрела од своите врсници.

„За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра, снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне“, рече Маја и додаде:

„Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката. Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато“.

Вака се сакаа Маја Саздановска и Саша, кого ненадејно го загуби: Пејачката сподели тажен спомен на покојниот сопруг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот